Заштитете ги вашите клучни кадри

Дополнителна вредност за работодавачот е заштитата на неговите клучни кадри во случај на несреќен случај.

Ова дополнително осигурување ќе придонесе кон ваша дополнителна вредност, бидејќи грижата за вашите раководители покажува сериозност кон вашата дејност и работа а воедно кон почитување на вашите вработени.

Ова осигурување овозможува различни облици на осигурување, за во случај на:
  • смрт од последици на насреќен случај (незгода),
  • трајна загуба на општата работна способност (инвалидитет) од последици на несреќен случај (незгода),
  • преодна неспособност за работа (дневен надомест) од последици на несреќен случај (незгода),
  • трошоци за лекување од последици на несреќен случај (незгода).

За осигурувањето

Кој може да се осигури?
Времетраење на осигувањето
Што се смета за несреќен случај?

Врз основа на деловен договор, којшто со нашата компанија го потпишува работодавачот, можат да се осигураат вработени лица на возраст од 20 до 70 години.


Осигурувањето е со времетрање до една година.

Без оглед на договореното траење, осигурувањето престанува со траење доколку:

  • настапи смрт на осигуреникот или ќе му биде утврден инвалидитет од 100%;
  • се случи незгода која ќе придонесе до целосна деловна неспособност;
  • наполни 70 години живот;


Како несреќен случај се смета:

  • труење со храна кое за последица има смрт на осигуреникот;
  • прснување на мускули, исколчување, прснување на зглобните врски, кршење на здрави коски што ќе настане поради нагли телесни движења или ненадејни напрегнувања, предизвикани со непредвиден надворешен настан, доколку тоа непосредно веднаш по повредата е утврдено во болница или друга здравствена установа;
  • дејство на светлина, сончеви зраци, температури или лошо време, ако осигуреникот бил изложен непосредно поради еден пред тоа настанат несреќен случај или се нашол во такви непредвидени околности што никако не можел да ги спречи, или бил изложен поради спасување на човечки живот;
  • дејствување на рендгенски или радиумски зраци, ако настанат нагло и ненадејно, со исклучок на професионални заболувања



Понуди во рамките на осигурување од незгода