За успех потребна ви е цела екипа

Осигурувањето за спортисти-аматери е наменето за лица кои аматерски се занимаваат со спорт и кои се регистрирани членови на спортски друштва.

Ова осигурување може да го склучи правно или физичко лице. Осигурувањето може да биде индивидуално или групно, при што премијата за едно лице во двата слуачи е иста.   

Постојат повеќе видови осигурување за спортисти-аматери:   

  • Осигурување од незгода за спортисти по професија – професионалци;
  • Осигурување од незгода за членови на спортски организации – аматери;
  • Осигурување на учесници во спортски натпревари и трки;
  • Осигурување на трошоци за лекување и за странски учесници на спортски натпревари;
  • Осигурување на учесници на масовен рекреативен настан.  


Исплатата на дневниот надомест кај спортистите аматери е поврзана со времетраењето на неспособноста за извршување на нивните редовни работни обврски, не со неспособноста за спортски активности.   

Врвните и професионалните спортисти се осигуруваат по посебни премиски групи. Исплатата на дневниот надомест трае сѐ додека спортистот не е во состојба да ги извршува своите редовните работни обврски – тренинзи и натпреварувања.